|
Прослава на македонската винска култура. Охридскиот вински салон „Над езерото“ го најави своето второ издание По огромниот успех на минатогодишното деби, еден од најшармантните вински летни настани се враќа на брегот на Охридското Езеро. Второто издание на „Над езерото“ – Охрид Вински Салон 2025 ќе се одржи во сабота, 16 август, на прекрасната летна сцена Долни Сарај, нудејќи незаборавна вечер која ги спојува виното, гастрономијата и културата во едно од најубавите места во Македонија. Во организација на Ресторан Канео, страствен промотор на македонската винска култура, настанот повторно ќе ги собере најистакнатите македонски винарии и дестилерии, истакнувајќи ја длабочината и разновидноста на македонскиот вински идентитет пред локалната и меѓународната публика. „Над езерото“ е отворен за љубителите на вино, професионалци од индустријата и HORECA секторот, обезбедувајќи платформа за дегустација, едукација и вмрежување. Овогодинешното издание ја проширува својата понуда со учество на локални занаетчии за храна, вклучувајќи претставници на Slow Food, традиционални производители на млечни производи и други гастрономски шампиони од мал формат. Гостите ќе можат да уживаат во неограничена дегустација на вина, вински дестилати и локални деликатеси, сите вклучени во цената на билетот, заедно со специјална чаша за вино од производитеот Ридел, со цел да го сголемат своето винско искуство. Детали за настанот: Локација: Летна сцена Долни Сарај, Охрид Датум: Сабота, 16 август 2025 година Време: 18:00 часот – 1:00 часот Билети: Пред ден на настан: 1.200 денари На денот на настанот: 1.400 денари Достапни во ресторанот Канео и Џез Ин / Охрид 078 374 702 / 070 850 282 Не пропуштајте ја оваа исклучителна манифестација која го слави виното и културата над езерото - каде што традицијата, тероарот и вкусот се среќаваат под ѕвездите.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE of AWARDS
03 октмври 2025 хотел Мериот 18:30 VRANEC WORLD DAY
04 октомври 2025 Музеј на современа уметност 20:00 Wine Courses
|