Втора едиција на саемот посветен исклучиво на вината од централна и источна Европа (CEE) Во познатата црква Свети Јован Ватерло која лани обележа 200 години од нејзината изградба, сместена во центарот на британската престолнина Лондон, по втор пат ќе се одржи вински саем посветен на вината од централна и источна Европа. CEE WINE FAIR е еднодневен вински настан со времетраење од 10:00 - 17:00 часот закажан за 9 јуни 2025, на кој британските увозници, трговци, сомелиери, вински критчари и новинари ќе имаат прилика да се запознаат од прва рака со вината, сортите и производителите од ценрална и источна Европа. Со оглед на бројот на винарници од централна и источна Европа, бројот на изложувачи е мошне лимитиран. Само шеесетина винарници од петнаесетина земји на CEE ќе имаат привилегија да се претстават на британската винска публика, што на одреден начин му дава екслузивитет на самиот настан. Настанот е во организација на лондонската маркетинг агенција Wine Comunication предводена од MSc. Zsuzsa Toronyi и нејзиниот ментор PhD. Caroline Gulby MW како една од најзначајните вински експерти во светот, посветена на вината од централна и источна Европа. Првиот CEE Wine Fair кој се одржа минатата година привлече големо вниманије кај винските критичари и трговци што го потврдија и бројните написи по светски познатите вински портали и магазини. Настанот како позитивен и со одличен потенцијал за негов понатамошен развој го обележа и големото присуство на винските експерти кои ја носат ретката титула Master of Wine (MW). Вината од CEE или како уште некој ги нарекуваат "Нов Стар Свет" го привлекоа вниманието на светскиот вински авторитет Jancis Robinson MW., која не го сокри своето воодушевување од прикажаните вина и винопроизводители .
![]() 28-30 MAY 2025
0 Comments
|